| четврток, 6 декември 2018 |

ООН итно бара 4,4 милијарди долари за да спречи хуманитарна катастрофа во четири држави

ОН има итна потреба од 4,4 милијарди долари за да спречи хуманитарна катастрофа во Јемен, Нигерија, Сомалија и во Јужен Судан, нагласи генералениот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Тој наведе дека е неопходно тие пари да се соберат до крајот на идниот месец.

– Повеќе од 5,6 милијарди долари се потребни за хуманитарни операции во тие четири држави во оваа година. До крајот на март треба да се соберат 4,4 милиајрди долари за да спречиме хуманитарна катастрофа – изјави Гутереш.

Засега се собрани само 90 милиони долари, односно околу 2 отсто од неопходната сума.

Помошта е потребна за над 20 милиони луѓе во Јемен, Сомалија, Јужен Судан и во североисточниот дел од Нигерија, според информации на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top