| четврток, 6 декември 2018 |

Два часа бегалци силувале млада учителка во Виена

Девет емигранти од Ирак денес ја очекуваат пресудата од судот во главниот град на Австрија – Виена.

Емигрантите, кои се од едно семејство, се обвинети за брутално силување на 28-годишна германска учителка.

siluvaci-1-640x427
Нападот е извршен за време на новогодишната ноќ во 2016 година, пишува „Дејли меил“.

Младата жена и нејзината другарка тргнале кон центарот на градот за да се приклучат на прославата на улиците на градот.

Двете се упатиле во еден бар и почнале да се забавуваат, но одеднаш нејзината другарка забележала дека ја нема и почнала потрага по неа.

Подоцна било утврдено дека таа била одведена од четворица мажи.

Ја пренеле во нивниот стан, каде што имало уште пет непознати мажи на возраст меѓу 22 до 45 години.

Во текот на два часа бегалците ја силувале младата учителка.

Потоа еден од насилниците ја одвел во тоалетот и се фотографирал со неа.

Откако завршиле со монструозниот чин, Ирачаните ја испратиле жртвата до автобуската станица и едниот ѝ рекол: „Немој да плачеш“.

На извршителите на ова злосторство им се заканува казна затвор од 15 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top