| четврток, 6 декември 2018 |

Старица се задуши во опожарен дом

Вчера во 14.30 часот во ПС Гевгелија е пријавен пожар во Нов Дојран на ул.„Илинденска“ во семејната куќа на П.К..

По излегување на местото на настанот, од страна на Итна медицинска помош било утврдено дека во пожарот со смртни последици се здобила П.К.С.(92). Смртта настапила од настанатиот чад од пожарот и од изгореници по телото.

Пожарот веднаш бил локализиран. Бил извршен увид и во консултација со јавен обвинител телото на починатата е предадено на семејството за погреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top