| четврток, 6 декември 2018 |

Го исфрлила момчето од кревет бидејќи грчел: Утрото перницата му беше мокра, а тој беше мртов

1-620x350

Мислејќи дека не станува збор за нешто сериозно, 25-годишната Лиза Ли од Нортамберленд го исфрлила своето момче од заедничкиот кревет бидејќи ѝ сметало неговото грчење. За жал, тоа бил последниот пат кога го видела жив.

Докторите ѝ објасниле дека нејзиното момче Луис Литл пати од ретка срцева болест која се вика Бругада синдром, кој ја нарушува работата на срцето. Кобната ноќ, она што девојката мислела дека е грчење, всушност бил звукот на воздухот кој го напуштал неговото тело и минува низ гласните жици.

Лиза откако минала низ трагичната смрт на своетото момче, покренала петиција за луѓето кои патат од овој редок синдром, да им се обезбеди вградување на внатрешен дефибрилатор кој го активира срцето откако ќе застане.

– Ни рекоа дека Луис и покрај болеста ќе има нормален живот, но почина една година по дијагнозата – ја започнала Лиза својата приказна.

2

– Додека спиевме мислев дека грчи и затоа му реков да се премести во дневната. Кога станав и видов дека перницата му е целата мокра, сфатив дека нешто не е во ред. Тој веќе беше мртов. Веднаш повикав Итна помош, но тие само констатираа смрт – изјавила Ли.

Инаку, Бругада синдромот е ретка, но и тоа како сериозна состојба која може да доведе до ненормално брз срцев ритам кој може да предизвика несвестица.

– Подоцна дознав дека не било грчење, а да имал дефибрилатор, би останал жив. Сакам луѓето кои го имаат истиот проблем да бидат свесни за него и да знаат што треба да направат за да си помогнат. Синдромот е тивок убиец и сакам да ја подигнам свеста за овој проблем – завршила Луис.

Бругада синдромот е најчестата причина за изненадните срцеви удари кај младите затоа што тешко се дијагностицира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top