Поради постоење основи за сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.К. (37) од Куманово, со привремен престој во стан на улицата „Галичица“ во Охрид. Основното јавно обвинителство му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, по што е пренесен во казнено поправна установа-затвор во Скопје.
На 20-ти овој месец во 11 часот и 45 минути, пријавениот, со цел стекнување противправна имотна корист, заsвонил на станот на сосеткта Спаса Б. (67) од Охрид откако се осигурал дека е сама во станот и подготвувајќи се да го изврши кривичното дело, земал една водоводна цевка и ставил бели хируршки ракавици, објави Охриднет.ком.
Објаснувајќи ѝ на сосетката дека сака да го погледне распоредот на станот, несреќната жена му дозволила да влезе и не забележувајќи дека има ракавици и водоводна цевка, од ходникот на станот се упатила кон дневната соба. Тогаш Ј.К. од зад грб со водоводната цевка ѝ задал неколку силни удари во пределот на главата и вратот по што таа паднала на подот. Веднаш потоа, Ј.К. започнал да пребарува низ собите, пронашол и одзел еден мобилен телефон и паричник со 3.200 денари во разни апоени.
Пред да го напушти станот, видел дека жената е жива и за да не го открие, од кујната зел нож со должина од околу 30 сантиметри со кој и задал неколку удари во пределот на вратот и ја усмртил. Потоа го напуштил станот заклучувајќи го со клучот од влезната врата и се упатил во казино, пишува порталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст