| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска е голем празник: Родители, направете го ова со децата за здравје и среќа

За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север.

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 февруари, а православните христијани го празнуваат празникот Св. свештеномаченик Харалампиј.

Свети Харалампиј бил епископ на градот Магнезија, Тесалија. Мудар старец. Во текот на 113-те години од својот живот бестрашно го проповедал Христос сред-среде бесните прогони на христијаните. За Христа пострадал на крајот од вториот век, за време на владеењето на императорот Септимиј Север.

Во некои краишта овој прзник е куќна слава, а според обичаите се смета дека мајките треба да ги однесат децата во црква на овој ден за зравје и среќа.

Се смета и дека дете кое на овој ден ќе изгуби забче или ќе му никне ново, ќе биде среќно дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top