Српскиот премиер Александар Вучиќ изјавил дека Србија денес искрено и вистински сака мир, а не судири и кавги со соседите, укажувајќи дека официјален Белград на ниеден начин не придонел Босна и Херцеговина (БиХ) „или некој орган на БиХ“, да поднесат ревизија на пресудата на Меѓународниот суд на правдата по тужбата против Србија, пренесуваат српските медиуми.
-Нашата работа е да го сочуваме мирот, да одговориме на нивната тужба и да победиме. Нема тука победник, туку просто тужбата не вроди со плод, и треба да го заштитиме својот народ и да се обидеме да побараме механизми за суштински дијалог со бошњачкиот народ, рекол Вучиќ.
Тој додал не дека очекувал оти Бошњаците ќе поднесат ревизија, и верува дека тоа е погрешен и неодмерен потег, додавајќи дека српскиот претседател Томислав Николиќ „подобро ги предвидел потезите на Бошњаците“.
Вучиќ укажал дека поминале 22 години од Дејтонскиот мировен договор, но дека за жал многу луѓе живеат во минатото или пак живееат од минатото и доста им е тешко да погледнат во иднината.
-За среќа тоа не е случај со Србија“, рекол српскиот премиер и напоменал дека може во свое и во име на Николиќ да каже дека никој од Србија не влијаел на одлуката на Србите во Република Српска дали тие ќе учествуваат во органите на БиХ. „Тоа е нивно суверено право и одлука, а со овој потег за ревизија на пресудата, односите помеѓу Србија и БиХ се вратени 22 или 25 години наназад и срушена е таа мала доверба што била изградена.
Зачувувањето на мирот и стабилноста е витален интерес на Србија и Република Српска, а тоа треба да биде приоритет и на БиХ, потенцирал Вучиќ и додал дека во она што досега е направено „никој не бил искрен и дека биле потрошени не само години, туку и децении, и ништо не било направено“.
Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ во вторникот најави дека до крајот февруари 2017-та земјата поднесе барање за ревизија на пресудата во случајот на Босна против Србија.
Статутот на Меѓународниот суд на правдата (МСП) во членот 61 предвидува дека барањето за ревизија може да се поднесе врз основа на факт „кој не бил познат“ за време на донесувањто на пресудата. Барањето мора да биде поднесено најмалку шест месеци по осознавањето за „новиот факт“ или пак 10 години од донесувањето на пресудата.
Изетбеговиќ додал дека новите докази се појавиле за време на судењето на поранешниот генерал Ратко Младиќ и дека неговото судење покажало наводна поврзаност на „неколку илјади официри на војската на Југославија“ со случувањата на територијата на БиХ кои од страна на босанските власти беа окарактеризирани како „геноцид“.
МСП во 2007-та година донесе пресуда со која утврди дека масакрот во 1995-та година, што го извршија силите на босанските Срби, врз повеќе од седум илјади бошњачки мажи и момчиња од Сребреница, претставува геноцид и дека Србија ги прекршила Женевските конвенции, бидејќи не го спречила. Сепак, во пресудата се наведува дека нема доволно докази врз основа на кои би се заклучило дека силите на босанските Срби извршиле геноцид, по „директива“ или „ефективна контрола“ на Србија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст