| четврток, 6 декември 2018 |

Во новиот број на Република ќе читате

Во новиот број на Република ќе читате:

najava-za-broj-vo-TOP_br234

Пр­ва­та фа­за до­го­во­ре­на во Ма­ла Ре­чи­ца
За­ев ја поч­на фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја
Зо­ран За­ев, од Ма­ла Ре­чи­ца, и офи­ци­јал­но го нај­а­ви по­че­то­кот на ре­а­ли­за­ци­ја­та на пла­нот за ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та. Без ни­ка­кви кон­сул­та­ции со членс­тво­то, без под­др­шка од гла­са­чи­те и да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста, се впу­шти во опас­на аван­ту­ра ре­ша­вај­ќи се сам да ја крои суд­би­на­та на Ма­ке­до­ни­ја и на Ма­ке­дон­ци­те. Из­ја­ви­те и ин­фор­ма­ци­и­те што прет­хо­деа и сле­ду­ваа на сред­ба­та на Зо­ран За­ев со Али Ах­ме­ти во Ма­ла Ре­чи­ца са­мо ги по­твр­ди нај­а­ви­те де­ка се ра­бо­ти на ис­пол­ну­ва­ње на до­го­во­ре­ни­те фа­зи за фе­де­ра­ли­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та, ко­ја вр­ху­шка­та на СДСМ и парт­не­ри­те од Бе­са ја на­ре­ку­ваа „ре­де­фи­ни­ра­ње“, а за што „Ре­пуб­ли­ка“ пре­ду­пре­ду­ва­ше уште од април ми­на­та­та го­ди­на.

Ин­терв­ју: Лам­бе Ар­на­у­дов
ВМРО е пре­то­ри­јан­ска­та гар­да на ма­ке­дон­ски­от на­род
Су­ве­ре­на, са­мо­стој­на, не­за­вис­на, де­мо­крат­ска и прос­пе­ри­тет­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е иск­лу­чи­тел­но де­ло на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 го­ди­на. ВМРО е пре­то­ри­јан­ска­та гар­да на ма­ке­дон­ски­от на­род и на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. Вмров­ци­те, ка­ко и дру­ги­те што да­ва­ат, не­кои мал­ку, не­кои по­ве­ќе, не­кои мно­гу, се раз­ли­ку­ва­ат од оста­на­ти­те по тоа што тие да­ва­ат сѐ. Тие ни­ко­гаш не се из­мо­ру­ва­ат од да­ва­ње­то за сво­ја­та та­тко­ви­на. Гра­ма­тич­ки­от тер­мин „гра­да­ци­ја“, го­лем, по­го­лем, нај­го­лем, за вмров­ци­те не ва­жи. Ед­но­став­но, или си вмро­вец или не си. Си­те ви­стин­ски вмров­ци се исти. Ние ни­ко­гаш не­ма да би­де­ме ни ме­ѓу ин­кви­зи­то­ри­те ни­ту ме­ѓу жр­тви­те, ние ќе оста­не­ме са­мо она што сме и без за­ста­ну­ва­ње ќе про­дол­жи­ме да си ја вр­ши­ме на­ша­та ра­бо­та во ко­ја без­гра­нич­но ве­ру­ва­ме. Се­га мис­лам де­ка на си­те им е јас­но зо­што дев­мро­и­за­ци­ја за­тоа што тоа ка­ко про­из­вод го има нај­страш­но­то – де­ма­ке­до­ни­за­ци­ја, вели Ламбе Арнаудов, член на ИК на ВМРО НП во интервју за Република.

Ам­ба­са­до­рот на САД го не­ги­ра очиг­лед­но­то
Беј­ли се бра­ни од кон­грес­ме­ни­те во сти­лот на За­ев
По две го­ди­ни ми­на­ти во Ма­ке­до­ни­ја, ам­ба­са­до­рот на САД на последното интервју, пра­ктич­но, изгледаше ка­ко ту­рист ту­ку­што сле­тан во др­жа­ва­та. А до­бро ни е поз­на­то ка­ко до­па­ту­ва ам­ба­са­до­рот во Ма­ке­до­ни­ја. Уште не­дој­ден ги на­вре­ди сво­и­те ид­ни до­ма­ќи­ни, Ма­ке­дон­ци­те, на­ре­ку­вај­ќи ги „Сла­во­ма­ке­дон­ци“ за вре­ме на све­до­че­ње­то пред аме­ри­кан­ски­от се­нат (во сеп­тем­ври 2014 го­ди­на). Не­го­ва­та про­во­ка­ци­ја то­гаш пре­диз­ви­ка бур­ни ре­ак­ции во ма­ке­дон­ска­та јав­ност, а ма­ке­дон­ско­то МНР по тој по­вод ис­пра­ти вер­бал­на но­та до Ам­ба­са­да­та на САД во зем­ја­ва. Ли­де­рот на СДСМ, Зо­ран За­ев, пак, во таа при­го­да про­тест­на­та но­та ја оце­ни ка­ко „пре­др­ско од­не­су­ва­ње“ на ма­ке­дон­ски­те вла­сти! То­гаш јав­но­ста му се чу­де­ше, се­га ни е мно­гу по­јас­но зо­што ре­а­ги­рал та­ка.

Пла­тфор­ма­та на Ал­бан­ци­те не е во фо­ку­сот на САД и на ЕУ
За­ев ги про­да­ва на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си на сво­ја ра­ка
По не­кол­ку­не­дел­но­то мол­че­ње на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца за пла­тфор­ма­та на ал­бан­ски­те пар­тии, ко­ја бе­ше под­го­тве­на и пот­пи­ша­на под ди­ри­гент­ска­та пал­ка на ал­бан­ски­от со­ци­ја­ли­стич­ки пре­ми­ер Еди Ра­ма, стран­ци­те ко­неч­но се од­ва­жи­ја да ка­жат не­што за нај­но­ви­те ба­ра­ња на пар­ти­и­те на ал­бан­ски­те Ма­ке­дон­ци. Спо­ред ам­ба­са­до­рот на САД во Ма­ке­до­ни­ја, Џес Беј­ли, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца не е фо­ку­си­ра­на на пла­тфор­ма­та. Со тоа ам­ба­са­до­рот ни ука­жа де­ка са­мо Зо­ран За­ев се­ри­оз­но ја при­фа­тил игра­та на ДУИ, Бе­са и на Се­ла и се сог­ла­сил да пре­го­ва­ра (и да при­фа­ти) за го­лем дел од неа.

Лезетот на соросовата  „матрица“
За под­буц­ну­ва­чи­те, мр­шо­јад­ци­те, кр­во­пиј­ци­те и за про­це­сот на де­вал­ва­ци­ја што го ми­лу­ва­ат
Во еден по­се­бен, па­ра­ле­лен свет со искри­ве­ни стан­дар­ди, не­при­кос­но­ве­но и со де­це­нии вла­де­ат не­га­тив­ни­те и из­вр­ту­ва­чи­те. Хи­е­рар­хи­ски ви­со­ка, по­себ­на, „со­ле­но“ пла­те­на со­ци­јал­де­мо­крат­ска ка­ста што ег­зи­сти­ра пре­ку сен­за­ци­о­на­ли­стич­ко, же­сто­ко, до­бро ко­ор­ди­ни­ра­но и бе­скру­по­лоз­но ши­ре­ње про­па­ган­да. Де­серт им е де­вал­ва­ци­ја­та на про­тив­нич­ки­те пр­вен­ци, не­за­вис­но од ко­ја бран­ша се. Не мо­ра да сте во спро­тив­ни­от та­бор, до­вол­но е да има­те по­и­на­кво мис­ле­ње од про­па­ги­ра­но­то на  СДСМ, а нај­го­лем грев е до­кол­ку тоа го со­оп­шту­ва­те ар­гу­мен­ти­ра­но. То­гаш, мр­шо­јад­ци­те и не­кро­фи­ли­те ста­пу­ва­ат на сце­на, а ау­ди­то­ри­у­мот, кој жи­вее во „ко­му­ни­стич­ка­та“ ма­три­ца, без лу­бри­кан­ти ги гол­та по­ну­де­ни­те по­вра­ќа­ни­ци. За­тоа што ги ис­пол­ну­ва, не­ли…

Колумна, Ацо Станковски
Сја­е­ње
Ко­га го чув на ТВ вто­ри­от од­го­вор од аме­ри­кан­ска­та ам­ба­са­да на пис­мо­то ис­пра­те­но од Се­на­тот (пр­во­то стиг­на од Кон­гре­сот) со текст иден­ти­чен на пр­ви­от, вед­наш не­ка­ков мол­ска­ви­чен ког­ни­ти­вен проб­ле­сок ме вне­се во оној кру­ци­ја­лен мо­мент од фил­мот „Сја­е­ње“ (Shining) на не­за­бо­рав­ни­от Стен­ли Кју­брик (Бог да го про­сти), се­квен­ци­ја во ко­ја откри­ва­ме де­ка Џек Ни­кол­сон, кој го тол­ку­ва глав­ни­от лик во фил­мот, пи­са­тел, што на опре­де­лен рок се вра­бо­тил ка­ко чу­вар на еден лу­ксу­зен хо­тел во пла­ни­ни­те, кои ста­ну­ва­ат не­про­од­ни во зи­ма по­ра­ди че­сти­те и сил­ни снеж­ни бу­ри, е пот­пол­но за­бе­ган.
Име­но, тој пи­шу­ва ед­на иста ре­че­ни­ца од­но­во и од­но­во, на сто­ти­ци стра­ни­ци. По­тоа Кју­брик нѐ во­ди низ ед­на ужас­на хо­рор-ди­мен­зи­ја на те­шко пси­хич­ко на­ру­шу­ва­ње, кое еска­ли­ра во ма­ни­ја­кал­но по­ве­де­ние.

Двоглед
За­ев: Бесп­лат­ни­от пре­воз пре­ста­ну­ва, пен­зи­о­не­ри­те и сту­ден­ти­те бесп­ла­тно ќе учат ал­бан­ски
Но­ва­та вла­да во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ме­ѓу СДСМ, ДУИ и Али­јан­са на Ал­бан­ци­те ве­ќе на­го­ле­мо поч­на да се под­го­тву­ва, а на­ши из­во­ри од раз­го­во­ри­те ме­ѓу две­те пар­тии ин­фор­ми­ра­ат за нив­ни­от тек.
Отка­ко За­ев на Ал­бан­ци­те во кам­па­ња­та им по­ну­ди про­ме­на на Уста­вот и ре­де­фи­ни­ра­ње ка­ко во­вед во фе­де­ра­ли­за­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја, до­би око­лу 70.000 ал­бан­ски гла­са, ме­ѓу­тоа тие не беа до­вол­ни за сам да на­пра­ви вла­да.
За да мо­же да со­бе­ре мно­зинс­тво по се­ко­ја це­на и да фор­ми­ра вла­да, За­ев ре­ши да ги при­фа­ти си­те ба­ра­ња на ал­бан­ски­те по­тен­ци­јал­ни ко­а­ли­ци­ски парт­не­ри, кои не беа ма­ли имај­ќи пред­вид де­ка тие мо­раа да се по­ка­жат ка­ко по­го­ле­ми Ал­бан­ци од но­ви­от играч ме­ѓу ал­бан­ски­от еле­кто­рат. Тоа по­драз­би­ра­ше и при­фа­ќа­ње на ос­нов­ни­от пре­дус­лов да раз­го­ва­ра­ат со не­го за фор­ми­ра­ње вла­да – дво­ја­зич­ност на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top