| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не е добро да возите со помалку од половина полн резервоар?

Една од работите што би требало да ја избегнувате при возењето е возењето со мала количина гориво во резервоарот. Тоа значи дека резервоарот никогаш не би требало да биде празен повеќе од половина, бидејќи така го чувате здравјето на вашиот автомобил.
Имено, кога резервоарот за гориво е празен, во него се кондензира вода поради разликите во температурата.

Овластениот судски вештак за возила, Горан Хусинец вели дека тоа влијае штетно, без разлика дали се работи за бензинец или дизел-автомобил.

Водата во составот на вшприцување на горивото е еден од најголемите непријатели на Вашиот мотор бидејќи предизвикува предвремена корозија на составот за вшприцување, а со тоа и проблеми во работата на моторот.

– Празниот резервоар е посебно опасен во оние периоди од годината кога температурата драстично се менува, како на пример сега, кога ноќните температури се под нулата, а дневните достигнуваат и преку 10 степени. Ова особено е изразено кај поголемите резервоари, кои имаат капацитет и до 100 литри. Тоа се “празни буриња” полни со воден кондензат – вели Хусинец.

Тој додава дека проблемот е поизразен кај постарите автомобили, кај кој резервоарите се изработени од ламарина, за разлика од пластичните резервоари на модерните автомобили. Ламарината, поради наведеното кородира, и на тој начин испушта состојки што се мешаат со горивото. Тоа често доведува до расипување на бош-пумпите, па затоа може да се случи и возилото да застане некаде на патот.

Оваа појава кај механичарите е позната под жаргонот „студентски синдром“, затоа што студентите или помладите возачи, поради помалите финансиски можности, многу често ги возат своите автомобили на резерва. Истиот проблем може да го имаат и возила кои се возат само сезонски, па голем период од годината не се употребуваат како што се камп-приколките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top