Полицијата од американската држава Охајо навикна луѓето да ги бараат за различни причини и кога тоа не е нивна надлежност, но тие биле многу изненадени кога девојче од десет години им побарало помош за решавање задачи од математика.
Полицаецот Би Џеј Грубер бил дежурен кога по пат на Фејсбук страницата, Лена Дрејпер контактирала со полициската станица.
– Имам проблем со домашната задача. Дали можете да ми помогнете?, праша Лена.
Грубер потоа почнал со разговор со девојчето за решавање на домашната задача каде имало собирање, множење и заграда.
– Ние ја постигнуваме својтa цел за зголемување на довербата, транспарентноста и достапноста до граѓаните, но се уште се работи на знаењето од математика, објави оваа полициска станица на Фејсбук.
Тој потег на полицијата ги воодушеви луѓето од Охајо и од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст