| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот парламент реши: Трамп не е добредојден!

Последниот пат кога британските пратеници дебатираа на темата Доналд Трамп во парламентот, американскиот бизнис-магнат беше претседателски кандидат.

Во понеделникот тие повторно дебатираа за него, меѓутоа во улога на најмоќниот човек во светот – претседател на Америка. Сепак, ова не ги спречи да донесат прилично храбра одлука.

Пратениците немаат моќ да ја принудат владата да ја откажи посетата, и нема обврзувачко гласање. Но, настанот привлече многу внимание. Во текот на постапката, илјадници демонстранти против Трамп се собраа пред зградите на парламентот.

Дебатата беше отворена од Пол Флин, пратеник на опозициската Лабуристичка партија, кој изјави дека понудата за целосна државна посета на Трамп треба да се сведе на „едвај“ официјална посета.

-Државната посета ќе биде ужасно погрешна бидејќи ќе изгледа како британскиот парламент и британскиот народ да ги одобруваат активностите на Трамп – изјави тој, нарекувајќи го Трамп „мрзоволно дете“.

Невообичаено е британските политичари да бидат инволвирани во американската политика на овој начин, иако и претходно имало ваков сличен случај. Минатата година, пратениците дебатираа за тоа дали Велика Британија треба да му забрани влез на Трамп откако тој ги даде контроверзните коментари за муслиманите во текот на кампањата.

Дебатата во понеделникот беше предизвикана од петиција потпишана од страна на повеќе од 1,8 милион луѓе, кои од владата на Британија бараа да ја откаже државната посета бидејќи ќе се покаже како засрамувачка за кралицата. За време на дебатата се дискутираше и за петицијата потпишана од 310.000 луѓе. Која било петиција на интернет-страницата на парламентот, која добива повеќе од 100.000 потписи, се зема предвид за дебата.

Иако акцијата нема правна сила, сепак ќе предизвика главоболки за Тереза Меј, која напорно работеше за да ги подобри односите со Трамп.

Дебатата се осврна и на различни теми, вклучувајќи ја и политиката за имиграција на Трамп и непристојните коментари за жените.

Заменик-министерот за надворешни работи, Алан Данкан, во име на владата изјави дека државната посета треба да се случи и ќе се случи.

-Америка е најголемата сила во светот. Веруваме дека имаме целосно право да ги искористиме сите средства за да изградиме заедничка основа со претседателот Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top