| четврток, 6 декември 2018 |

Ние не сме фашисти: Чомовски јавно да им се извини на оние граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот

vankovskaБарам од Чомовски јавно да им се извини на оние граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот и кои го почитуваат уставот и законите со кои се уредени јазичките права, напиша на својот ФБ профил универзитетската професорка Билјана Ванковкса.

–Кога Оливера Трајковска го употреби зборот аутизам во политички контекст, се создаде бран незадоволство и таа мораше да се извини во наредната емисија. Сега јас барам, и очекувам јавна поддршка за ова барање, од Чомовски јавно да им се извини на оние граѓани чиј мајчин јазик е македонскиот и кои го почитуваат уставот и законите со кои се уредени јазичките права. Ние не сме фашисти, ниту уставот и законите се фашистички! БАРАМ ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ за тезата за јазичен фашизам во Македонија! Тој изрече навреда без никаква основа! Неговите мотиви не ме интересираат. Барам извинување!, напиша Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top