Доколку се покажат најновите проценки на експертите како точни, Владимир Путин би можел да стане најбогатиот човек на светот. Во моментов, според Форбс, на првото место е Бил Гејтс кој тежи дури 75 милијарди долари, но рускиот претседател наводно поседува богатство од неверојатни 200 милијарди долари.
Форбс на својата листа на најбогати ниту еднаш не го ставил Путин, бидејќи како што велат, кај нив „нема место за оние кој се збогатиле преку државната позицијата која ја имаат“.
– Во 14 години владеење на Путин, Русија заработила многу пари, но со оглед на тоа дека не вложува во училишта, улици и болници, богатството очигледно „лежи“ некаде на друго место – во швајцарските банки, вложени во недвижности или фондови со кои раководи рускиот претседател, изјавил уште во 2015 година Бил Браудер, коосновачот на инвестицискиот фонд Ермитаж Капитал Менаџмент и еден од најголемите критичари на Путин.
Политичкиот аналитичар Станслав Белковски тврди дека рускиот претседател се збогатил преку нафтениот бизнис – тој наводно контролира 37 проценти од компанијата на Сургутнњевтгас, 4,5 проценти од Газпром, а се шпекулира и дека има удел и во компанијата на Гунвор, која само во 2012 година заработила 93 милијарди долари. Сите фирми овие тврдења ги демантираат.
Она што е сигурно е дека Путин е сопственик на 35 милиони долари вредна луксузна јахта Олимпија – која ја добил на подарок од Роман Абрамовиќ, сопственикот на фудбалскиот клуб Челзи, која ја добил откако стана претседател на Русија.
Освен тоа, има и палата на брегот на Црното море која наводно вреди дури милијарда долари, пишува Дејли Мејл, иако самиот Путин тоа во јавност го демантира.
– Палатата е изградена исклучиво за него, а платена е со парите од тајните фондови на руските олигарси, вели за ББЦ рускиот претприемач Сергеј Кољешников, кој ја напуштил Русија.
Путин, како што стои во досието кое го состави неговиот некогашен политички опонент Борис Немцов, кој пред неколку години беше ликвидиран, наводно има 58 авиони и хеликоптери, колекција на часовници од 500.000 долари како и 20 вили и имоти на село.
– Неговиот приватен авион вреди 137 милиони долари, а купатилото во него е облеано со злато. Само ВЦ школката чини 62.000 долари, навел Немцов.
Во државата во која голем број на граѓани едвај врзуваат крај со крај, луксузот во кој ужива претседателот се граничи со лудило, коментираат неговите противници.
Официјално, Владимир Путин пријавил дека во 2014 година заработил се на се 119.000 долари, а во имотната карта навел и дека поседува два стана и дека е сопственик на гаража.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.