Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески, се воздржува од коментари, по вчерашната изјава на директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, дека има основа на финансиски криминал и корупција од поранешните власти на Oпштината, пренесува „Охрид њуз“.
– Јас седум години работев под постојана контрола на инспекциските органи, државната ревизија и полицијата, кои го проверуваа целокупното работење на локалната самоуправа, но останувам доследен на принципот дека нема да коментирам ништо што е поврзано со работата на Општината во првите 100 дена од мандатот на новата градска власт – изјави Петрески за „Охрид њуз“.
Вчера, Чавков најави дека ќе се испитува работењето на претходната администрација во Општината.
– Засега, тоа е во форма на сомневање, но тоа е доволно за да се интензивираат активностите и да се продлабочат истражувањата – рече Чавков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР објави детали за тепачката во која беше повреден Александар Петрески
-
Со непризнавањето на убедливиот пораз, СДСМ ги навредува и потценува охриѓани
-
Поранешниот градоначалник на Охрид Петрески нуди кауција од 500.000 евра за да излезе на слобода!
-
Поранешниот градоначалник на Охрид трошел незаконски?