Тие не можат да ни се приклучат до 2019 година, но ќе ни се приклучат подоцна, потенцираше Јункер.
Сите земји од Западен Балкан имаат перспектива за членство во Европската унија, но тоа ќе се случи по 2019 година, соопшти вчера претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервју за група хрватски и словенечки новинари.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Јункер на оваа средба со хрватско-словенечките новинари, исто така посочи дека на американскио потпретседател Мајк Пенс, при нивната вчерашна средба во Брисел му посочил дека е лоша вест за Западниот Балкан што „некои од новата американска администрација даваат впечаток дека ЕУ се разводнува“.
– Јас имам намера да го посетам Западниот Балкан, но во тоа ме блокираат моите луѓе, бидејќи сакаат да бидам во Брисел. Вчера на потпретседателот Пенс му објаснував за лошата порака што ја испрача кон овој регион новата администрација во Вашингтон со критиките за разводнување на Унијата, бидејќи овие земји ги очекува еворпска перспектива. Тие не можат да ни се приклучат до 2019 година, но ќе ни се приклучат подоцна, потенцираше Јункер.
Челникот на неформалната Влада на Европската унија, исто така додаде дека е проблем ако некој во САД говори за ЕУ дека е во распаѓање и дека и другите земји треба да го следат Брегзитот, дека тоа е лоша вест „за пријателите на ЕУ на Западниот Балкан“.
– На земјите од Западен Балкан од очигледна причина им е потребна европска перспектива и јас во тоа верувам, заклучи Јункер во интерјуто за хрватските и словенечките новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст