Шведски политичар предложи да се воведе пауза од еден час во текот на работниот ден, кој ќе биде платен, а вработениот ќе има можност да оди дома со партнерот.
– Постојат студии кои покажуваат дека сексот е корисен. Ова ќе помогне да се подобрат односите меѓу партнерите – изјави за новинската агенција АФП членот на Градскиот совет на шведскиот град Оверторнео, Пер Ерик Мускос.
Советникот верува дека денес шведските парови не поминуваат доволно време заедно. Тој не ја отфрли можноста дека во случај на успешна реализација на овој предлог, Швеѓаните оваа пауза ќе ја користат за други цели.
– Ние не може да гарантираме дека вработените би ја користеле паузата за друга намена, на пример, да одат на прошетка – рече Мускос. Според него, предлогот мора да успее.
Според податоците од Институтот „Ко-Рексекод“, Швеѓаните во 2015 година работеле во просек 1.685 часа. Помалку од нив во Европа работеле само Финците и Французите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


