| четврток, 6 декември 2018 |

Го нарекуваат чудо на народната медицина: Напивка која ги исфрла маснотиите и инфекциите од крвта

Ако ви ослабел имунитетот , пробајте ја оваа напивка за негово јакнење, која се прави едноставно, а дава ефикасни резултати.

Земете четири лимони , измијте ги со се кората, а потоа исечкајте на парчиња. Потоа додадете четири ситно сечкани чешниња бел лук и парче корен од ѓумбир, па сето тоа добро измиксирајте го во блендер.

Добиената смеса загрејте ја во тенџере и додадете околу две литри вода. Кога ќе зоврие оставете да се излади, а потоа процедете и ставете во стаклена тегла или шише и чувајте ја напивката во фрижидер. Секое утро на празен стомак и два часа пред спиење испијте два децилитри од оваа напивка. Пред употреба промешајте за да не ви остане ѓумбирот на дното и не се грижете за вкусот на бел лук, затоа што ќе испари во фрижидерот. Користете ја напивката 3 недели, па направете пауза од 7 дена, по што можете да го повторите третманот. По три недели би требало доста подобро да се чувствувате и крвната слика да ви биде значително подобра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top