Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2016 година изнесува 23.457 денари, а просечната бруто-плата 34.374 денари. Во декември лани 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември е за 3,3 отсто повисока во споредба со истиот месец од 2015 година.
Зголемувањето се должи, на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 55,8 отсто, Информации и комуникации за 9,6 и Градежништво за 7,7 отсто.
Повисока исплатена просечна месечна нето-плата во споредба со претходниот месец има во секторите: Уметност, забава и рекреација од 48,2 отсто, Информации и комуникации 22,1 и Стручни, научни и технички дејности од 13 отсто.
Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2016 изнесува 34.374 денари. Зголемување во однос на претходниот месец има во секторите Уметност, забава и рекреација од 38,5 отсто, Информации и комуникации за 20,3 и Стручни, научни и технички дејности за 11,2 отсто.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември лани во споредба со истиот месец од 2015 година е зголемена за 3,2 отсто.
Зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 45,1 отсто, Информации и комуникации за 9,8 и Градежништво за 8,2 отсто
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст