Аргентинскиот ас Лионел Меси не е задоволен со квалитетите што тимот на Барселона ги поседува оваа сезона, посебно по игрите во последните два месеци и му порачал на раководството на клубот да го доведат неговиот сонародник Анхел ди Марија на „Камп Ноу“.
Токму Ди Марија беше еден од најзаслужните за триумфот на ПСЖ со убедливи 4-0 против Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Постигна два прекрасни гола и беше незадржлив за одбраната на каталонскиот тим.
Меси и Ди Марија одлично се познаваат од аргентинската фудбалска репрезентација, а евентуалниот негов ангажман уште повеќе би ја засилил офанзивната линија на Барселона. Тој во минатото беше член на Реал Мадрид, па и тоа ќе биде еден вид престиж за каталонскиот клуб, да го ангажира поранешниот играч на својот најголем ривал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Масовна тепачка меѓу навивачите на „ПСЖ“ и „Ѕвезда“, полицијата ги смирувала со палки (Видео)
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Најголемиот талент во школата на Барса има 15 години и живее како крал (Фото)