Ѓулшин Сантирчиоглу е новата Хурем Султан во популарната турска серија „Величествениот“. Таа ќе ја замени 29-годишната Мерјем Узерли, која го напушти снимањето поради здравствени проблеми.
Узерли си заминува по снимени 100 епизоди, а во меѓувреме е одложено снимањето на продолженијата.
Црвенокосата убавица веднаш отпатувала во Берлин, каде што живееше пред да почне со снимањето на серијата, и била сместена во клиника за ментално здравје затоа што паднала во депресија.
– Не можам веќе да издржам, морам да одам, лошо ми е – рекла Узерли на заминување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



