| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава кадилакот на Трамп

img-322260Ако сакате да се поврзете со новиот американски претседател Доналд Трамп, можете да купат една од неговите поранешни лимузини.

Луксузнниот кадилак се наоѓа во Британија, а е дизајнирана посебно за Трамп. Таа е произведена во 1988 година, а моделот е познат како кадилак трамп.

img-322259

Планирана била серија од 50 вакви модели, но на крајот биле произведени само две. Едната е во Британија, и има поминато 72.420 километри.

img-322261

Сопственикот бара 50.000 фунти почетна цена, но со оглед на тоа дека оди на аукција, очекувањата се дека ќе заработи многу повеќе.

Инаку овој автомобил располага со 5.0 литарски мотор и внатрешност опремена со телевизор, бифе и слични луксузни додатоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top