Сите се запрашале какво мистериозно животно живее во длабочините на морето кое успеало да преполови ајкула.
На плажа во централна Флорида пливачите биле изненадени кога ајкула испливала на плажата, но полуизедена.
Многумина потоа почнале да ги истражуваат раните на ајкулата и набрзо почнал да се шири страв и сите се прашувале какво мистериозно суштество живее во длабочините на морето кое успеало да преполови ајкула.

Ајкулата ја пронашол спасител на плажата, кој на почетокот помислил дека ја изела поголема бела ајкула која во претходните денови била забележана во близина на брегот.
Во подоцнежните истражувања и официјално било утврдено дека ајкулата била изедена од некое животно многу поголемо од неа, пишува Дејли меил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


