| четврток, 6 декември 2018 |

Тој е херој на мајка: Не сакал да го дои и со тоа и го спасил животот

Сара Бојл (26) од Стафордшир во Англија е мајка на едногодишното синче Теди кој имал само шест месеци кога одбивал доење.

Тоа било првиот знак дека нешто не е во ред. Набрзо стигнала и дијагнозата – рак на дојка. Сара вели дека Теди, од шестиот месец наеднаш станувал многу вознемирен секогаш кога се обидувала да го дои, а посебно кога ќе го доближела до десната дојка.

Се обидуавала да го дои Теди во различна положба во текот на наредните неколку недели, но тој не сакал.

-Беше многу несреќен. И јас бев. Срцепарателно е кога бебе од осум месеци ја отфрла својата мајка, рече таа.

Поради неговото однесување, Сара одлучила да оди на лекар и да побара повторно да и ја скенираат цистата која со години знаела дека ја има. До тогаш два пати правела тестови за да утврди дека нема опасност од рак и резултатите биле негативни.

Бенигната циста во десната дојка и е дијагностицирана во 2013 година. Кога побарала од лекарите повторно да ја скенираат и рекле дека нема причина за тоа. Меѓутоа синот и натаму одбивал доење, а потоа и самата забележала дека цистата и станувал потврда и дека нејзината дојка ја променила формата. Биопсијата потврдила рак.

Сара сега се наоѓа на пола пат низ хемотерапија. Ја очекува двојната мастектомија и реконтрукција на градите. Најголема поддршка и дава токму синот Тедот, сопругот и семејството.

-Никој не може да каже дали ракот го открил Теди, но знам дека се ќе беше поинаку да ги слушав лекарите, а не него. Поради Теди отидов на лекување, рече Сара и додаде дека синот и го спасил животот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top