| четврток, 6 декември 2018 |

Над 10 милиони денари за неколку проекти во општина Василево

opstina-vasilevo

Општина Василево ја почна изградбата на нова спортска сала во населеното место Нова маала. Градоначалникот Ванчо Стојанов информира дека за оваа намена ќе го преадаптираат објектот на стариот дом на култура.

– Како што и најавивме, почнуваме со реализација на проектите планирани за 2017 година. Од Буџетот на општината одвоивме 4 милиони денари за преадапртација на културниот дом во Нова маала, објект кој во иднина ќе им служи на учениците од ова место да ги одржуваат часовите по физичко воспитување, но и на рекреативците кои сакаат да спортуваат, рече Стојанов.

Тој истакна дека оваа инвестиција е дел од неколкуте проекти кои вкупно чинат 10,5 милиони денари.

– Локалната администрација распиша јавна набавка за избор на најповолен понудувач за изградба на две улици, во Висока Маала и во Анѓелци. Со самата набавка имаме распишано и тендер за изведувач за порамнување на школскиот двор во Висока Маала, по што ќе започнат активностите на Агенцијата за млади и спорт за изградба на кошаркарско игралиште, рече Стојанов.

Градоначлникот Стојанов најави и асфалтирање на улица во Нова маала во првата половина на 2017 година, а Василево дополнително издвои 10 милиони денари за патот Чанаклија-Нова маала, со изградба на крак улица во Чанаклија која со последната трета фаза ќе ги поврзе овие две населени места. Во втората половина на март ќе се гради и повеќенаменско игралиште во Добрашинци кое чини 3 милиони денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top