| четврток, 6 декември 2018 |

Возило полно мигранти се преврти на кров во Струмица, неколкумина повредени

Вчеравечер околу 03.30 часот во Струмица, на ул.„Климент Охридски“ се случила сообраќајна незгода во која А.М. (26) од с.Инџиково, скопско, управувајќи автомобил „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во метален столб за улично осветлување и се превртел на кров.
Во возилото превезувал шест илегални мигранти, државјани на Сирија и Пакистан.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и  сопатниците  С.Х. (47) од Сирија и Н.Н од Пакистан. Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.М. (23) од Пакистан и А.А. (21) од Пакистан. Сите тешко повредени со медицински возила, поради сериозноста на повредите, биле префрлени во Ургентен центар Скопје, а додека останатите по укажаната медицинска помош се пуштени на домашно лекување. Во возилото како сопатник бил и М.Х. (20) од Сирија.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. За настанот е известен и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top