| четврток, 6 декември 2018 |

Семејна трагедија на Косово: Татко си ги избодел близнаците стари само 40 дена

Бебе старо само 40 дена починало од последиците на повредите кои со нож му ги задал таткото во Штрпце, додека другото во тешка состојба е префрлено во Клиничкиот центар во Ниш.

Станува збор за близнаци од машки пол од 40 дена избодени со нож, при што едното било донесено мртво, а другото во тешка состојба пренесено во Ниш и сместено на одделението за Интензивна нега.

Здравствената состојба на повреденото бебе е стабилизирана и тоа е надвор од животна опасност.

Таткото на близнаците Дејан Крстичиќ (35) кој бил професор по физичко воспитување во Средното училиште во Штрпце, синоќа од засега непознати причини со нож ги избодел бебеињата, соопшти косовксата полиција.

Тој и жената која е од околината на Штрпце, живееле во семејната куќа со неговите родителите. Соседите се шокриани поради трагедијата, а велат дека немало никави навестувања дека нешто страшно може да се случи и дека не делувало како да има несогласувања во семејството.

Според неговите зборови Крстичиќ работел со деца и важел за мирен, тивок и повлечен човек.

Полицијата на самото место го уапсила Крстичиќ.

Семејната трагедија се случила синоќа околу 19 часот во семејна куќа во Штрпце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top