Во Дебарско продолжува благиот раст на бројот на запишани бракови во Подрачната канцеларија на Управата за водење матична евиденција во Дебар.
Во матичната книга на венчаните во Канцеларија во Дебар, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, запишани се 278 бракови или 15 повеќе споредено со претходната година. Од вкупниот број, 10 отсто се бракови склучени на нашинци кои живеат и работат во странство.
– Во текот на минатата година во матичната книга на венчаните запишани се 278 бракови. Од нив 207 се во општина Дебар, градот и месните канцеларии во Долно Косоврасти, Могорче и Џепиште, додека 71 во општина Центар Жупа, односно во месните канцеларии во Центар Жупа и Коџаџик. Од вкупниот број 27 бракови се на нашинци кои брак склучиле во некоја од западноевропските земји или САД, каде што живеат, но го евидентираат и тука кај нас, изјави Зулија Тренова, соработник во Подрачната канцеларија.
Статистиката потврдува дека лани биле евиндетирани 263 бракови, додека во 2014 година 246, од нив околу 15 отсто се склучени надвор од државава.
Најголем процент од браковите се регистрират во летните месеци кога во родниот крај доаѓаат нашинците и тогаш се прават и најмногу свадби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст