Во седиштето на ДУИ во Мала Речица, доцна попладнево започна средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателите на партијата. На средбата на која учествува и дел од тесното претседателство, според портпаролот Бујар Османи, се разговара за тековни прашања за добивање на мандатот за составот на нова влада, одлуката која треба да ја донесе централното претседателство на партијата.
Ова највисоко партиско тело, како што рече Османи, ќе биде свикано кога работните групи на партијата ќе имаат усогласени материјали, по однос на прашањата и предлозите кои ДУИ ги постави како услови без кои не може да се преговара.
-Еден од тие услови е официјална употреба на aлбанскиот јазик, предлог кој е доставен од ДУИ, и тој не е почетна позиција за преговори, туку е услов без кој не се може. Тој текст не може да биде предмет на преговори или да се стесни во ниту една буква, тоа е оптимумот кој го предвидува Рамковниот договор и Уставот, и во ниту еден дел не излегува од Уставот, но го решава ова прашање кое не е решено со Рамковниот договор. Значи текстот не е предмет на преговори, туку се работи за прифаќање или неприфаќање – рече Османи
Тој рече дека за точките од Албанската платформа, кои предвидуваат промена на Уставот, потребно е започнување на, како што го потенцираше, македонско-албански дијалог.
-Платформата која беше донесена, беше постигнување на внатреалбански консензус, за да се започне македонско-албански дијалог. Промената на Уставот бара да се вклучат сите парламентарни партии, затоа што за да се промени Уставот потребно е двотретинско мнозинство – вели Османи.
Тој додаде дека вечерва нема да се донесе никаква одлука и не прецизираше кога партијата ќе го свика централното претседателство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст