Испратените забелешки на албанските партии за употребата на албанскиот јазик се прифатени од Заев иако некои детали се уште треба да се разгледуваат и прецизираат, тврди „Алсат М“
Според ДУИ, Предлог-законот е целосно усогласен со Уставот, според СДСМ одредени делови од него излегуваат од Уставот и се апсолутно неприфатливи за СДСМ, но не кажуваат во кој дел.
Арбен Таравари, генерален секретар на Алијансата на Албанците, вечерва на Телма изјави дека решение ќе биде најдено многу скоро а веќе утре се закажана средба со СДСМ.
Како што јавува „Алсат М“, Предлог – законот предвидува широка употреба на албанскиот јазик во Собранието, како усно така и писмено. Претседателите и потпретседателите на собранието, во случај да се Албанци, ќе можат да ги водат седниците на нивен мајчин јазик, додека сите акти што ќе се донесат, ќе бидат исто така двојазични.
Со Предлог – законот за употреба на албанскиот јазик, се предвидува започнување на спроведувањето на албанскиот јазик и во извршната власт, каде што министрите по прв пат ќе можат да зборуваат албански на владините седници. Решението предвидува албанскиот да се употребува и писмено, како и во релации на владата со останатите институции. Документите на Владата ќе одат директно во Собранието или останатите органи, на двата јазика.
Но, албанскиот ќе се употребува и во судскиот систем. Нотарските акти, како што дознава Алсат М, ќе бидат исто така и на албански. Сепак, околу судските седници има се уште преговори затоа што може да има проблеми со спроведувањето на двојазичноста, во зависност од страните, од ангажираните експерти како и поднесување на диспозитивите итн.
Според понуденото решение во Предлог – законот, албанскиот ќе се користи и во регионите каде што не живеат Албанци. Оваа мерка се очекува да ги опфати и таблите на граничните премини. Барањата за документи или други потреби се поднесуваат на албански, а одговорот повторно ќе се врати на албански од општинските органи, но откако ќе бидат обработени од посебна Агенција на републичко ниво која ексклузивно ќе се занимава со преведување и доставување на барањето до граѓаните во рок од еден час.
Исто така, во рамките на овие решенија, се предвидува и Инспекторат кој ќе го мониторира делувањето на Агенцијата, квалитетот на преводот, како и спроведување на сите одредби кои произлегуваат од Законот за јазикот. Личните документи, како личните карти, изводите, пасошите, итн со Законот за албанскиот јазик ќе се издаваат автоматски на соодветниот јазик на граѓанинот, без да биде потребно како досега, да се поднесе барање за јазикот кој го бара граѓанинот.
Професорот Осман Кадриу, еден од консултираните експерти од политичките партии за разгледување на предлозите на политичките партии, смета дека партиите треба да се фокусираат на точките кои во Собранието бараат усвојување со обично мнозинство. Според него, нема никаква пречка за усвојување на некои важни прашања кои Албанците ги барале години наназад.
“Претседавачот, доколку е пратеник Албанец, ако ја води пленарната седница во Парламентот, да може да го употреби албанскиот јазик. Втората новост која се предлага е важна и треба да се истакне дека на владините седници, припадниците Албанци, да имаат право да зборуваат на албански јазик. Новост за правосудните органи, за тоа што има расположение и е во Предлогот, е таа за нотарската дејност. Доколку нотарот е Албанец и странката Албанец, по барање на странката, актите кои тој ги донесува во негова надлежност, ќе ги донесе и на албански јазик”, – изјави Осман Кадриу
Една од барањата на партиите на Албанците беше спроведување на албанскиот и на банкнотите, како и во полициско и воено командување. Измените предвидуваат исто така и усогласување на таблите и на албански јазик, како и таа на Собранието и на останатите институции.
Сепак, според експертите, моментално овие барања се неостварливи бидејќи ваквите измени не можат да поминат без 2/3 од гласовите во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст