Катица Јанева и уште петмина обвинители наспроти Петар Аневски и петмина членови на Советот на јавни обвинители денеска седнаа едни наспроти други. Потврдија само дека имале работна средба за случајот „Пуч“, на која се дискутирало околу барањето за увид во списите, но и дека ќе се сретнуваат и во иднина.
И по оваа втора средба меѓу Советот и СЈО, само штури информации за тоа што дискутирале два часа зад затворени врати.
Детали што се дискутирало околу барањето на Советот да го добие предметот од СЈО, не се открива ниту од соопштението на Советот, ниту во изјавата на спеацијалната обвинителка Катица Јанева, која пак рече дека се уште не донеле одлука дали ќе ги достават списите од „Пуч“ и додаде дека се разговарало и на други теми.
– На средбата се дискутираше по писменото барање на Советот за предавање на увид на списите по предметот, познат во јавноста како „Пуч”. Истражителите од СЈО и членовите на Советот одлучија ваквите средби да продолжат по потреба и во иднина – велат од Советот на јавни обвинители.
Како што беше најавено по првата средба минатата недела Аневски во изјава за медиумите рече дека договаравме околу начинот на преземање на предметот „Пуч“ од страна на Советот на јавни обвинители и дека она што ги интересира а зошто СЈО се повлекло од ПУЧ.
На 18 јануари специјалното со соопштение образложија дека се доказите што ги поседуваат, и од предметот но и од истрагите за Тврдина и Таргет се во спротивност со она што е напишано во обвинителниот акт и најавија дека ќе приберат дополнителни докази за да се утврдат сите детали околу аферата со прислушувањето. 10тина дена подоцна од МВР испратиле претставка до Советот со која бараат да се испита дали е законска ваквата одлука.
Со обвинението се товареа лидерот на СДСМ Заев, екс разузнавачот Верушевски, неговата сопруга, вработен во МВР и вработен во општина Струмица за шпионажа, прислушување и насилство против претставници на највисоките државни органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


