| четврток, 6 декември 2018 |

Чијата е здрава, но само ако правилно се употребува

Семето од чија е многу здраво, па не е ни чудо што повеќето луѓе се повеќе го консумираат. Богато е со протеини, влакна, калциум, антиоксиданси и омега 3, но мора да се консумира на правилен начин.

Неодамна, некој пациент се пожалил на потешкотии при голтање, откако секојдневно консумирал една лажичка семе од чија по што пиел чаша вода. Една од причините која преку чијата се губи тежина е поради тоа што семето се шири при мешање со вода и прави да се чувствувате сити подолго време. Сепак, консумирањето лажица суво семе и подголтнувањето со вода нема да доведе подобро искуство, бидејќи семето се шири уште не стигнато до вашиот стомак.
Многу побезбедно е да го потопите семето во вода пред да го јадете. Откако ќе се потопи, семето развива желатинска обвивка за која некои сметаат дека помага при движењето низ дигестивниот тракт. Други докази покажуваат дека консумирањето на мелено семе, отколку цело семе, овозможува значително поголема количина на омега-3 масни киселини кои побрзо се разложуваат во крвотокот.

Кога се додава во некои рецепти, телото може да ги апсорбира хранливите состојки на семето (во соодветна количина) без разлика дали е мелено или потопено. Ако сакате да ги задржите тие придобивки, во прилог ви предлагаме неколку рецепти со чија семе:

 

Чија пудинг: Купете млеко од кокос и во една шолја ставете млеко и лажица семе од чија. Оставете ја шолјата преку ноќ во фрижидер, а утредента консумирајте го како појадок.

Мафини од чија и боровници: Направете обично тесто за мафини и освен боровниците додајте и чија, за поголема хранлива вредност.

 

Антиоксидансно смути: Изблендајте шумско овошје, сок од калинка, вода и една лажичка семе од чија и испијте го наутро. Ќе се освежите, но и долго време ќе се чувствувате сити.

Чија и јогурт: Ако барате нешто што брзо ќе ви овозможи омега-3 масни киселини, едноставно истурете една лажичка семе од чија во јогурт, а можете да додадете и различни овошја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top