| четврток, 6 декември 2018 |

Ненадејно почина рускиот амбасадор во ОН

Виталиј Чуркин, постојаниот ппретставник на Русија во Обединетите нации, почина денеска, откако утрово итно бил хоспитализиран поради проблеми со срцето.

Чуркин почина во Њујорк, само еден ден пред да наполни 65 години.

На функцијата амбасадор во ОН, Чуркин беше поставен во 2006 година.

Чуркин се наоѓал во руската амбасада во Менхетн, кога му се слошило, по што бил одведен во болница. Бил доведен во бесвесна состојба и направен е обид за реанимација. Сепак дипломатот почина во Пресвитеранската болница во Њујорк, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението од руското МНР не се наведуваат повеќе детали за неговата смрт.

Заменикот-амбасадор на Русија во ОН Евгениј Загајнов изјави дека Чуркин работел „се до последниот миг“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top