Владата во Унгарија воведува данок, што ќе треба да го плаќаат сите кои објавуваат огласи и реклами, а даночна основица ќе биде годишниот нето приход, со стапка од 0% за компаниите чии приходи не надминуваат милијарда форинти.
Со новиот данок локалните комерцијални телевизии ќе останат без речиси 20 отсто од годишниот приход од реклами, но само ако тие надминуваат 10 милијарди форинти, што е еднакво на околу 35 милиони евра. Некои ТВ станици како РТЛ Клуб и ТВ2 веќе најавија повлекување од унгарскиот пазар доколку им биде наметнат овој данок во предложената форма.
Со оваа одлука на Владата во Унгарија сака да ги намали буџетските загуби. Данокот ќе го плаќаат медиумите што објавуваат реклами, а според предлогот за кој во среда треба да гласаат народните избраници, даночната стапка ќе биде 0% за нето приходи до 1 милијарда форинти, 1 отсто на приходи меѓу една и пет милијарди, 10 проценти на приходите меѓу пет и 10 милијарди форинти и 20 отсто на приходи кои надминуваат 10 милијарди форинти.
Приходите од овој данок, како што сметаат некои економисти за државниот буџет ќе биде занемарливи, или само неколку милијарди форинти, но се отвора прашањето за неговата економска рационалност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок


