| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна изложба и базар на ракотворби „Среќна Баба Марта 2017“

Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ организира меѓународна изложба посветена на традиционалниот украс, мартинките.

Овој настан е дел од активностите по повод меѓународна апликација до УНЕСКО за признавање на мартинките како светско културно наследство.

Отворањето на изложбата е закажано за 24 февруари (петок) во 12 часот на првиот кат од ТЦ „Рамстор мол-Центар“. Изложбата во период од 10-20 часот ќе биде отворена до втори март.

На изложбата ќе бидат прикажани оригинални рачно изработени амајлии од Македонија, Бугарија и Романија, модерни амајлии изработени од модното студио „Маеста”, археолошка визуелизација на праисториското потекло на мартинките преку археолошки предмети од територијата на Р. Македонија, а сето тоа ќе биде оплеменето со едукативни панели, проекција на документарни филмови, продажна галерија со ракотворби и креативни работилници за деца.

Главен партнер на изложбата е ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, а настанот се прави под мотото на УНЕСКО за Отворени Образовни Ресурси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top