| четврток, 6 декември 2018 |

Треба ли да се плашиме: огромен астероид ќе прелета покрај Земјата на 31 мај

Масивен вселенски камен, со должина од околу 3 километри, наскоро ќе прелета покрај Земјата, пишува порталот „Скај“.

Астероидот 1998 QE2, со должина од околу 3 километри, ќе прелета многу блиску до земјата на 31 мај, во 20 часот и 59 минути.

Овој масивен вселенски камен бил откриен пред 15 години, но научниците не биле сигурни од каде потекнува.
Можно е кометата да потекнува од астероидниот појас меѓу орбитите на Марс и Јупитер.

Астрономите планираат да го следат движењето на астероидот од 30 мај до 9 јуни. Астероидот ќе биде оддалечен на шест милиони километри од Земјата, што е за 15 пати поголема оддалеченост од дистанцата меѓу нашата планета и Месечината.

Научниците истакнале дека 1998 QE2 нема шанси да удри во Земјата, а нареден пат ќе се појави во 2119 година, пренесува „Блиц“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top