Новите балистички ракети кои Русија ги разработува ќе бидат во состојба да пробијат каков било ракетен штит на САД, изјавил рускиот заменик-премиер, Дмитриј Рогозин.
Како што оценил, руските нуклеарни сили се сочинети од неколку типови ракети – меѓу другото и стари советски класични ракети од типот „војвода“ – но моментално се работи на развивање нови.
– Новото вооружување наскоро ќе се појави во рацете на руските војници. Оружјето е во состојба да пробие каква било моментална или идна американска противракетна одбрана. Ќе ја пробиеме таа одбрана – рекол Рогозин.
Според неговото мислење, противракетниот систем на САД моментално не претставува никаква закана за Русија, пишува „Спутник“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст