| четврток, 6 декември 2018 |

Возете внимателно: Намалена видливост поради магла кај Стража

magla

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри на планискиот превој Стража, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица -­ Делчево, Виница ­- Берово, Гостивар -­ Стража, Маврово – Дебар -­ Струга, Демир Капија – Удово, Катланово -­ Велес, Крушево -­ Демир Хисар и Ресен ­- Буково.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top