Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, денеска во Брисел изјави дека администрацијата на Доналд Трамп бара начини „да ги продлабочи односите“ со ЕУ. Пенс во Брисел се сретна со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, при што истакна дека „е благодарен за можноста да ја посети и со неа да ги разгледа начините за продлабочување на односите со ЕУ“.
Могерини нагласи дека ЕУ и САД имаат да завршат многу работа и веќе е поставен почетокот на разговорите.
Американскиот потпретседател беше пречекан пред амбасадата на САД во Брисел од демонстранти, кои планираат да заминат и пред европските институции, каде подиоцна Пенс ќе разговара со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск.
Демонстрантите носат транспаренти, на кои се напишани критики за политиката на новата влада во Вашингтон, за климатските промени, миграцијата, правата на жените и здравството.
Во попладневните часови планирана е средба на Пенс и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.