Во Турција денеска започна судски процес против 47 лица, кои се обвинети за обид за убиство на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, ноќта на 15 јули минатата година кога беше спречен обидот за државен удар.
Триесет и седум од обвинетите се поранешни воени лица, на кои им се заканува доживотна казна затвор поради обвиненија за обид за убиство, за промена на уставниот поредок и за други кривични дела против државата.
Осомничените се обвинети за нападот на хотел во Мармарис, каде престојувал Ердоган, при што беа убиени двајца полицајци. Шефот на државата го напушти хотелот непосредно пред тој да биде нападнат.
Турските власти сметаат дека превратот е организиран од движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а чии приврзаници се обвинети за инфилтрирање во армијата и други државни институции. Ѓулен демантира дека е организатор на пучот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст