Светот во 2021 година ќе се соочи со голема депресија, прогнозира Хенрик Милер, колумнист во „Шпигел“Во последната колумна тој предвидува како би изгледал светот по четири години со Доналд Трамп на чело на САД.
Како што и ветуваше, Трампо се расфрла со воведувањето царина кон земјите кои ги означи како сопернички, а тие му возвратија, па додје до затворање на економијата во националните граници или помалите групи нации.
Повеќето странски производи поскапеа поради високите царини. Почнува вистинска трговска војна, а валутите како мексиканскиот пезос, кинескиот јуан или еврото ја губат вредноста. Поради тоа доларот јакне, а Трамп ги обвинува сите по ред за манипулации со валутите и забранува увоз на производи од Мексико, Кина и ЕУ, на што му возвраќаат со иста мера.
Поради оваа криза се повторва големата депресија од триесеттите години на минатот век, а ваквата ситуација ја разорува кревката светска монетана политика, а особено м се заканува на малите економии и компании.
Милер предвдува дека Трамп ќе води политика без да ги зема предвид меѓународните договори и обврски, така што САД ќе изгледа уште помоќно од пред неговиот мандат.
САД се повлекоа од Европа и Азија, па сега Кина доминира на пацифичкото подрачје, а Русија во источна Европа и средна Азија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.