Младата дама се најде на листата на 30 највлијателни личности помлади од 30 години, иако на најголем дел од новинарите не им се допаѓа и ја карактеризираат како непрофесионална.
Убавата 28-годишна црна, чиешто име балканските медиуми можат да го преведат како Надеж (Hope – Надеж), е една од најблиските бизнис-соработници на Доналд Трамп.
Таа за време на предизборната кампања на новиот претседател на САД била одговорна за односи со јавноста, а со оглед на тоа дека по победата за неа не останала слободна работна позиција, Трамп решил дека за неа, буквално, ќе измисли.
Атрактивната дама е една од најмладите членови на кабинетот на Трамп, а претседателот го запознала преку неговата ќерка Иванка Трамп, која и ја вработила во 2014 година откако била одушевена како Хоуп го сработила маркетингот за нејзината модна линија, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Кога станала член, односно лидер на тимот за маркетинг на кампањата на Доналд Трамп, Хоуп немала искуство во политика, па почнала да работи дури пет месеци пред да биде објавена неговата кандидатура.
Поради големиот успех во водењето на кампањата, Хоуп се најде на листата на 30 највлијателни личности помлади од 30 години, иако на најголем дел од новинарите не им се допаѓа и ја карактеризираат како непрофесионална.
Причината за ова е фактот дека многу е тешко да се добие каков било коментар од Хоуп Хикс, а многумина тврдат дека токму поради тоа стана толку успешна и интригантна.
Блиски соработници на Доналд Трамп велат дека тој има целосна доверба во Хоуп, а кога ќе го прашаат за неа тој употребува само две придавки – природна и извонредна. Се „шушка“ дека зад официјалниот профил на „Твитер“ на новиот претседател на Америка стои токму таа, а со нејзината популарност порасна и интересот за нејзиниот живот пред да му стане човек за односи со јавноста на Доналд Трамп.
Всушност, Хоуп некогаш се занимавала со манекенство и глума, но откако почнала да работи рамо до рамо сo Трамп, избегнува да се појавува јавно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст