Бранителот на титулата Црвена Звезда го освои Купот на Радивоје Корач во Ниш, откако во драматично финалето го победи најлутиот ривал Партизан со 74-64 (23-23, 13-11, 16-13, 22-17).
20 минути се играше изедначено, дури и момците на Џикиќ играа подобро и парираа против евролигашот. Сепак на крајот од третиот период, бековите на Радоњиќ ја направија разликата и предноста брзо стана двоцифрена. Најефикасен во победничката екипа беше Симоновиќ со 18 поени, но Гудуриќ, кој исто така постигна 18 поени беше прогласен за МВП на финалниот натпревар. Мечот кратко беше прекинат, откако едно официјално лице беше погодено од трибините со пиротехнички објект.
Ова е деветта титула за „црвено-белите“ во историјата на клубот во ова натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.