Албанската платформа е антидржавна, истакна поетот Ефтим Клетников од Македонскиот манифест, при своето гостување во информативниот блок на ТВ НОВА.
„Платформата удира на суверенитетот на македонската држава и нација. Албанците треба да знаат дека Македонија е држава на Македонците и останатите малцинства. Треба да се помират со фактот дека се малцинство, тие се 20 посто, а ни оваа бројка не е сигурна, со оглед на фактот што години наназад избегнуваат попис“, изјави Клетников.
Тој додаде дека Албанскиот јазик не е потценет и сево ова се прави само за да се добие многу повеќе.
Албанскиот јазик се употребува во многу градови, Албанците имаат радија, телевизии, музеи, министерства, министри… Сте го слушнале ли Али Ахмети како говори Македонски од 2001-вата година, па наваму ? Не станува збор за јазична онеправденост, туку за обид да се удри во мекото ткиво на Македонија. Гледаат дека се колебаме, отстапуваме, не можевме на своја територија да поставиме споменик во облик на крст. Албанците браат и менување на идентитеските симболи – грбот, знамето и химната“, рече Клетников.
Посочи дека платформата е изготвена во странска држава, во Тирана. Клетников смета дека Еди Рама на дело се обидува да ја спроведе идејата за „Голема Албанија“ и се однесува како нов балкански Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мицотакис: Не можеме да прифатиме македонски јазик и етницитет
-
Чао, рагаци! Италијанскиот јазик од септември ќе се изучува во училиштата!
-
Божиновски: А за неупотреба на македонскиот јазик колку е казната?
-
Граѓанската Лига на Диогарди: Повик до Парламентот на Македонија под итно да ја имплементира Албанската (Тиранска) платформа