| четврток, 6 декември 2018 |

Приказни од животот: Ја изневерувал со кумата

Слаѓана и нејзината кума биле најдобри другарки уште од градинка. Заедно оделе во училиште, плачеле за првите раскинувања, полагале испити на факултет…се додека не и тргнало лошо на Србинката.

Таа запознала момче на море додека летувала со најдобрата другарка, се заљубила, почнала да се забавува со него. Како што се развивала врската, така и пријателството малку по малку се заладувало, бидејќи Слаѓана повеќе време поминувала со момчето.

Таа постојано и приговарала дека момчето и е наметливо, дека постојано е со него, дека нема време за никого.

Во одреден период од врската момчето почнало да патува често. Слаѓана многу работела и имале различни соништа во тој момент. Многу патела, а потоа се чувствувала дека не може да се довери на најверната другарка.

По неколку месеци Слаѓана ја средила врската и се чувствувала сакано. Мислела дека се е во ред, се функционирало. По нејзиниот роденден момчето ја запросило. Одговорот секако бил ДА.

Сепак, по романтичната венчавка, сопругот се оддалечил, а потоа наоѓала знаци дека ја изневерува, како заборавена вратоврска и кармин на кошулите.

Кога и се доверила на другарката, таа и рекла, па што очекуваше? Сепак, на Слаѓана и паднало многу чудно што кога тој патува, и нејзината кума ја нема, а тогаш ја сфатила вистината.

Неговата приказна била, те сакам, но таа во мене буди нешто со кое се чувствувам жив.

Таа денес е разведена и цврста, верува дека ја чека нова љубов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top