Научниците би можеле да откријат траги на вонземен живот во период од следните 20 години и со тоа да одговорат на едно од најважните прашања на човештвото, изјави високиот претставник на НАСА, доктор Кевин Хенд.
Како еден од водечките претставници вклучени во мисијата за истражување на Јупитеровата месечина, Европа, Хенд истакнува дека би можеле да видиме први знаци на живот под кората на мразот, со која е прекриена месечината, пишува „Њујорк тајмс“.
Почетокот на истражувачката мисија се очекува во 2024 или 2025 година. Откако првото летало ќе ја разгледа планетата и доколку бидат забележани знаци на живот, би било испратено и друго летало, кое ќе дојде во контакт со површината на месечината и подлабоко ќе ја истражи природата на Европа.
– Технолошки, тоа е се апсолутно можно, но бара јавна поддршка, нагласува Хенд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.