Климатските промени се повеќе ги чувстуваме на својата кожа, а научниците сметаат дека допрва тие ќе донесат големи промени и тоа во нашите чинии.
– Промената на климата ќе доведе до промена на количината, квалитетот но и местата кадешто одредена храна се произведува. Никогаш немало потреба како денес толку брзо да го зголемуваме производството на храна за да ги задоволиме глобалните потреби – изјави доктор Сем Мајерс кој се занимава со научно-истражувачка работа во областа на медицината на Харвард.
Докажано е дека комбинација од зголеменото ниво на јаглен-двооксид, зголемени температури и промена во количината на дожд може го намали приносот на пченица и пченка, посебно во подрачјето каде што температурите се многу високи.
– Во областите каде што растат температурите, ќе се појават повеќе штетници. Момнтно штетниците уништуваат меѓу 25 и 40 отсто од светските посеви. Промените во температурите може да ги збунат и птиците преселници, кои природно ги „држат“ под контрола одредени штетници – вели научникот.
Според него, повисоките температури не може да им бидат од корист на фармерите за работата во поле, а тоа би значело и намалување на приносите на храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст