Дали ви ја отвара вратата, ви помага да го соблечете капутот, не заборава да ве праша како поминал вашиот нов проект на работа? Сето ова значи дека мисли на вас, а ако е обзирен џентлмен надвор од спалната соба, можете да бидете сигурни дека исто ќе се однесува кон вас и кога ќе се изгасат светлата.
Добар љубовник е оној кој ја цени сензуалноста и надвор од спалната соба. Мажот кој ви ја допира раката за време на вечерата, нежно ви го допира грбот додека излегувате низ врата, незабележително ве фаќа за раката додека шетате, ќе знае како да ве допира по целото тело.
Многу е веројатно дека типот на маж „ајде сега да разговараме малку за мојот автомобил“ нема да биде некој со кого ќе сакате да го повторите сексот, ако воопшто дојде до него. Во кревет ќе ве усреќи оној кој ќе ве праша како сте го поминале денот, ќе ве одведе во вашиот омилен ресторан иако не е најголем љубител на таа храна, ќе погледне со вас романтична комедија…
Мажот кој со вас сака да има сериозна врска, знае дека сте вредни за чекање. Поради тоа, ако ви каже „ќе почекаме“ и „не ми се брза“, немојте да мислите дека ве одбива, туку знајте дека сака подобро да ве запознае за да ви биде што подобар партнер во кревет.
5. Покрај него се чувствувате прекрасно
Мажот со кој во кревет ќе се чувствувате слободно и отворено, не штеди на комплименти и ќе ја пофали секоја ситница која ќе ја забележи на вас и која му се допаѓа. И на начинот на кој ве гледа ќе се чувствувате секси и привлечни. Таквата хемија гарантира совршен секс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци
-
Овие три знаци ќе се збогатат во септември: Пари од сите страни, успех на работа…