Собранието на ФФМ го избра и новиот Управен одбор со мандат од четири години до 2021 година. Во голема мера тоа се истите имиња кои и досега беа дел од УО на ФФМ, а ново име е Арџент Беќири.
Од 92 делегати, правото на глас го искористија 91 делегат, при што од вкупно 24 предложени имиња со тајно гласање избрани се 14 членови на УО на ФФМ, и тоа Златко Талевски, Лазар Ракиџиев, Арџент Беќири, Светозар Станковски, Борче Лазаревски, Добре Иванов, Муамер Сејдини, Тони Ивановски, Горан Гаврилов, Сали Абдили, Марјанчо Стојковски, Џевад Ибрани, Дејан Димовски и Димитар Џонов.
Собранието на ФФМ го избра и новиот состав на Надзорниот одбор на Фудбалската федерација. Дисциплински инспетор во ФФМ е избран Цветан Трифуновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.