| четврток, 6 декември 2018 |

Чилиманов: Владо Јовановски повикувал на војна, а Командант Соколи на прес

„Ако сериозно мислиш дека простодушниот извик на Владо Јовановски е вовед во граѓанска војна, но командант Соколи само сакал да одржи прес во Куманово, тогаш веројатно си комуњар“, напиша новинарот Цветин Чилиманов на Фејсбук, како реакција на пристрасното информирање на медиумите под контрола на Сорос и СДСМ, кои деновиве извршија јавно линчување на актерот Владо Јовановски поради статусот објавен на Фејсбук, во кој стравува дека СДСМ разгорува нетрпеливост и ја води Македонија директно кон војна.

Спинувајќи, тие го обвинија Јовановски дека повикува на војна, а од друга страна истите тие медиуми го проследија сведочењето на Командант Соколи, еден од обвинетите во Диво Насеље, со наслови во кои потенцираат дека УЧК требало да држи прес во кумановската населба, а не да војува.

konmandant sokoli 2

„Јас сум патриот, не терорист. Овде дојдовме за да се бориме за правата на Албанците и да го спроведеме Рамковниот договор и планиравме тоа да им го кажеме на новинарите. Да пренесат дека ако не се реализира Охридскиот договор, ќе се вратиме на местото каде ја оставивме војската во 2001. Планот беше до 19 мај да останеме во Куманово. Треба полицијата да ја прашате каков напад извршила, а не нас“, се бранеше обвинетиот Укшини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top