Познат скопјанец, заедно со уште две лица, уапсен е вечерва од полицијата под сомнение дека организирал криминална група која вршела продажба на кокаин во Скопје, но и пошироко, дознава Нетпрес неофицијално од полициски извори.
– Нашите информации од скопската полиција велат дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери, пишува Нетпрес.
Полициски извори за поратлот велат дека осомничениот кој вечерва е приведен и е организаторот на групата е Сеат Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на поранешен пратеник на опозицијата во македонското Собрание. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Дејан М., со прекар „Пенчо“ и Мики З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.
– Според нив, исто така утврдено и дека извесно лице Маријан, со прекар „Мака“, посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тој го известувал Сеат Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе, пишува Нетпрес.
Неофицијално, МВР утре ќе излезе со детални информации околу овој случај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.